17 Мај, 2024
0.0273

Фестивалот „Охридско лето“ најуспешен туристички настан за 2013 година

Објавено во: Економија 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Фестивалот „Охридско лето“ е прогласен за  за најуспешен туристички настан во 2013 година, соопшти Министерството за економија.

 По повод Светскиот ден на туризмот - 27 септември, признанитето денеска и беше врачено на директорката на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата, Елизабета Јанкуловска.

- Навистина сме благодарни, но и почестени што го добивме ова признание кое ги потврдува нашите заложби, културата да биде еден од главните чинители во развојот на туризмот. „Охридско лето“ е наш најголем културен бренд,  еден од главните чинители на музичката култура на земјава, промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската музичка уметност во светот. Но исто така Охридско лето е и најголем туристички настан кој покрај бројните уметници, над илјада кои секоја година настапуваат на фестивалската сцена, привлекува и бројни гости, туристи кои доаѓаат токму да ги слушнат големите светски ѕвезди и да ги видат најдобрите театарски претстави, изјави Јанкуловска.

Меѓу најдобро реализираните настани за 2013 година се прогласени и Струмичкиот карневал и манифестацијата „Сите заедно за сите поубаво“.

Според информациите од Министерството за економија, за првите седум месеци од оваа година реализирано е зголемување на бројот на туристите за 2,8 отсто, најмногу во бројот странски туристи каде зголемувањето изнесува 11,4 проценти. Притоа девизниот прилив од туристичката дејност е зголемена за 12,5 отсто.

Пораст бележи и стапката на вработувања во туризмот, и тоа од година во година. Во 2011 година учеството на лицата вработени во секторот туризам и угостителство во однос на вкупниот број вработени изнесувал 2,82%, за минатата година тој да забележи пораст од 11,3 проценти, додека стапката на пораст во текот на 2013 година изнесува 35,3 отсто, со вкупен број од 24.857 лица вработени во објектите за сместување и сервисни дејности за храна.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА