Февруарските плати на Османи, Шекеринска и Спасовски ќе бидат поголеми?
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2019
Предог-законот со кој платите на потпретседателите на Владата ќе добиваат поголеми плати за 8.027 денари е ставен на дневен ред на гласање в понеделник во Собранието. Под претпоставка дека веднаш ќе биде објавен и ќе стапи во сила, во тој случај поголема февруарската плата ќе добијат министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика.
Предлог-законот е поднесен до Собранието на РМ кон крајот на месец декември 2018 година и официјално под истиот се бараат „измени за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70“.
Со ова зголемување Спасовски би бил убедливо најплатен владин премиер за кој лани беше обелоденето дека добива поголема плата и од премиерот оран Заев, додека најмал бенефит би имал Анѓушев, кој воопшто не го користи надоместокот.