20 Декември, 2025
0.0354

Фибула ер тавел и холандскиот Корендон продолжуваат во развивањето на македонскиот туризам

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2015 13:16

Добивај вести на Viber

Туристичката агенција Фибула ер травел ја продлабочува веќе докажаната одлична соработка со холандскиот тур оператор Корендон. Потврдената доверба помеѓу агенцијата и тур операторот ќе продолжи и во наредните три години, со фокус во доменот на организирани доаѓања и туристички посети за туристите од земјите на Бенелукс.

„Особено задоволство за нас претставува тоа што повторно ја добивме довербата од нашиот тур партнер Корендон,  што ќе ни овозможи одлична можност за да ги реализираме долгогодишните заложби и планови за помагање во збогатувањето на туристичките понуди во Охрид и во Струга. Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за доразвивање на туризмот во Македонија, како и за запознавање на странските туристи со природните убавини на нашата земја„ – изјави Асим Меџедовиќ, директор на туристичката агенција Фибула ер травел.

Реномираните хотели од охридско – струшката ривиера како што се Изгрев, Макпетрол, Дрим, Београд, Десарет, Ривиера, Силекс, Турист, Дипломат, исто така ги продолжија договорите за соработка. Поради тоа, преку трите чартери неделно, во периодот од мај до октомври 2016 година, да сместат илјадници гости од Холандија.

Во овој период, Фибула интензивно работи на зголемување и подобрување на туристичките понуди, со додавање новитети, зголемување на квалитетот на услугите и создавање позитивни импресии и искуства од престојот во нашата земја. Меѓу другото, агенцијата организира тури и екскурзии низ Македонија и земјите од соседството, со цел да се задоволат сите барања на прибирливите странски туристи.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии