23 Мај, 2024
0.0270

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

Објавено во: Свет 15 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

71-годишниот левичар Јурај Ц. денеска пукаше кон словачкиот премиер Роберт Фицо и како што пренесува aktuality.sk, најверојатно легално го поседувал оружјето.

На интернет се појавија тврдења на сведоци дека тој прво му викал на Фицо, кој потоа му пришол да се ракува и пукал.

Полицијата го уапси мажот веднаш по нападот. Тој моментално е во притвор.

Aktualiti.sk контактирал со синот на осомничениот атентатор, кој бил шокиран од ситуацијата. Тој потврдил дека татко му имал пиштол легално. 

„Апсолутно немам поим што имал намера татко ми, што планирал, зошто се случи ова“, рече тој.

Вели дека татко му не гласал за Фицо.  Човекот негирал дека неговиот татко некогаш отворено споменал напад или убиство на политичарот. Тој негирал дека неговиот татко бил психијатриски пациент.

„Можеби имал „краток спој“, не знам. Тој е понасилен човек, но не до степен да стане психијатриски случај или нешто слично“, рекол синот. 

Осомничениот, како што додава словачкиот портал, бил уметнички активен. Објавил неколку збирки поезија. Јурај Ц. во 2016 година работел во приватна служба за обезбедување. Потоа и самиот станал жртва на напад во трговски центар во Левице. Во раните вечерни часови во продавницата влегол млад човек, очигледно под дејство на опојни материи и го нападнал.

Новоизбраниот словачки претседател, Петер Пелегрини, попладнево го осуди нападот врз премиерот Роберт Фицо како „закана без преседан за словачката демократија“, јави ДПА. На Фицо му е загрозен животот. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Погодиле руски ракетен брод

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Погодиле руски ракетен брод

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна