ФИЛИПЧЕ: Ако овозможува законот, директорот на ЦЈЗ, Арбен Зибери ќе биде сменет уште денеска
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2020
Откако директорот
на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, се пофали дека како член на Комисијата за заразни
болести помогнал за отворањето на границите, без да се правата ККовид-тестови и
мерка карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да
гласаат на изборите на
денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче најави дека станува
збор за евтина и лоша предизборна политика која никому не оди во корист.
-Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутно невистина, директорот Зибери не е член на Комисијата, ова сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче, додавајќи дека Комисијата постојано работи единствено врз основа на медицинските индикатори.
Инаку, Зибери денеска со пост на Фејсбук ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер.
-Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер, вели Зибери.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.