15 Декември, 2025
0.0443

ФИЛИПЧЕ: Благодарам на Брнабиќ, но и ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунизација

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021 12:09

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по донирањето на две амбулантни возила од Општина Чаир на Здравствен дом-Скопје, одговарајќи на новинарско прашање рече декатокму вчера разговарале со претставници на компанијата Фајзер во Белград. Тој нагласи дека всушност станува збор за два договорасо оваа компанија за набавка на вакцините, и за оние кои Македонија ги купи директно од Фајзер, како и за 8.000 дози скои треба да ги купиме од Србија. Работиме и на двата договори, рече министерот. Тој искористи прилика да се заблагодари на понудата премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, македонските лекари да одат таму и да се вакцинираат, посочувајќи дека процесот на имунизација можат успешно да го спроведат тука.

– Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие вакцини во нашата земја. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот, истакна  Филипче.

Истовремено тој посочи дека и покрај тоа што бројот на новозаразени се намалува, се уште треба да бидеме внимателни, особено сега со почетокот на второто полугодие во училиштата.

-Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. И натаму сме со резерва, а не треба да се заборави дека сега почна и второто полугодие во училиштата, рече Филипче.

Инаку, во Македонија не постои мутација на вирусот каква што се појави во Велика Британија, потенцираше Филипче, што покажале испитувањата на примероци во лабораторијата во МАНУ

-Излегоа анализите на лабораторијата во МАНУ, каде што беше утврдено дека нема мутација на вирусот сличен на тој во Велика Британија. Вирусот кај нас е тој кој беше присутен во последните неколку месеци. Но и непостоењето на мутација не е причина да ги олабавиме мерките, нагласи министерот за здравство. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија