Филипче: Денеска 101 заболени, четворица починаа
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020
Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во изминатото деноноќие од компликации од Ковид-19 починале четворица пациенти. Од новозаболените дури 59 луѓе се од Скопје, од Куманово се 12, а од Штип седум луѓе.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 84 годишна пациентка од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починале, пациент од Тетово- 75 години, примен на 24 мај, пациент од Куманово - 71 година примен на 26 мај и пациент од Скопје - 58 години примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.
- Тетово 8
- Велес 2
Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.