Добивај вести на Viber
Министерството за внатрешни работи му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување на поранешниот началник на Одделот за воздухопловни единици поради тоа што, како што се вели во соопштението,овозможил неоправдано за тројца техничари да добиваат додаток на плата од 20 отсто.
Пријавениот Н.А. од Куманово м овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20 проценти од денот на нивното засновање на работен однос, иако тие ги немале соодветните сертификати со кои би им следувале поголеми примања.
„Пријавениот, иако знаел дека воздухопловните техничари поседуваат важечка дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале успешно завршена обука за конкретен тип на воздухоплов според соодветна програма и немале впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов, овозможил да им биде исплатуван додаток на плата од 20% од моментот на засновање на работниот однос во МВР, спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР.
На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од 926.486 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на МВР.“, објави министерството.
Против поранешнјот началник Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место - суспензија до завршување на дисциплинската постапката.