ФИЛИПЧЕ ЈА ПОВТОРИ ПОРАКАТА: Маски, физичко растојание и миење на рацете
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020
Трите основни мерки:
носење заштита на лицето, физичката дистанца и миењето раце, е
единствениот начин да ги заштитиме нашето и здравјето на најблиските, порачува и денеска министерот за здравство,
Венко Филипче.
Мерките за заштита предвидуваат дека при секое излегување надвор, треба да држиме растојание без разлика дали сме во затворени или отворени јавни простори. Во сите простории задолжително е носењето маска, марама или шал, како и надвор на оние места каде не сме во можност да одржуваме дистанца од 2 метра. Да не се групираме повеќе од две лица, во што не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица.
-Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме, порачува Филипче во соопштението на Министерството за здравство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.