Филипче кажа кога ќе се отворат македонските граници
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Мај, 2020
Границите треба да се отворат на еден синхронизиран начин со соседите, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју на ТВ 24.
Тој рече дека кон средината на јуни целосно ќе се отворат македонските граници.
„Во Србија и Босна и Херцеговина изминатите денови има пораст на заразените. Ние разговаравме со Грција, разменивме искуства, каков е таму бројот на пациенти. Има некои отворени прашања кои се многу битни. Прво, дали ќе се бараат тестови кога границите целосно ќе бидат отворени, каков ќе биде третманот ако евентуално некој ќе се разболи таму од Ковид 19. Разговаравме да се олесни практично преминувањето на граничните премини, за да нема многу чекање…го чекаме официјалниот став на Грција во текот на идната недела. Мислам дека е прерано сега да ги отвориме границите“, изјави Филипче за ТВ24.
Тој додаде дека кога ќе се отворат границите и аеродромите граѓаните ќе можат секаде да патуваат, но притоа ќе мора да се придржуваат кон прописите и протоклите.
Тетовец почина од Ковид -19, а има 23 нови позитивни случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.