Филипче ќе се вакцинира со АстраЗенека
Објавено во: Македонија 19 Март, 2021
Министерот за здравство Венко Филипче рече денеска дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека, таа за која имаше најмногу сомнежи околу компликациите кои евентуално ги предизвикува по апликацијата.
„Да дефинитивно, рече денеска Филипче на прашањето дали би се вакцинирал прв со таа вакцина.
Тој вчера најави дека вакцините од АстраЗенека очекува да стигнат меѓу 31 март и 15 април.
Таа е прва вакцина која ќе стигне во Македонија преку Ковакс системот. Министерот рече дека сака да ги увери граѓаните дека секоја вакцина што ќе стигне во Македонија е безбедна.
За ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања. Во врска со антителата, министерот рече дека сме во ситуација каде бројни испитувања точно да се утврди како и на кој начин ќе се вакцинираат луѓето кои прележале ковид, дали со една доза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.