Филипче: Не сум користел службено возило за никакви други цели освен за работните обврски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Јули, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче во врска со приговорот на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупција за негова наводна злоупотреба на службено возило на Министерството за здравство за партиски цели во Штип на 28 јуни, ја информира јавноста дека на тој датум бил во посета на штипската болница која од почетокот на корона кризата функционира како регионален ковид центар, а посетил и една градинка во градот.
„На настанот дојдов со возило кое на почетокот на кризата Министерството за здравство го доби од Агенцијата за разузнавање со договор за користење, а не со службено возило на министерството. По завршување на дневните обврски пред заминување за Скопје, во својство на Претседател на здравствената комисија на СДСМ бев на настан на кој ја презентирав здравствената програма на коалицијата Можеме. Бев уверен дека постапувам согласно законот, дека нема апсолутно никакви прекршувања и доколку се утврди спротивното се извинувам за ненамерниот превид. Ниту пред, ниту по Штип не сум користел службено возило за никакви други цели освен за работните обврски во министерството. Образложението за ова ќе го доставам и до Претседателот на Владата, Оливер Спасовски. Сите посети на јавно здравствените установи низ земјата во овој период се во насока на согледување на состојбите во установите, начините на кои тие се справуваат со корона кризата, предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници и можностите за унапредување на целокупниот здравствен систем во справување со ковид-19“, информира министерот.
Антикорупциска пак утврдила дека на настанот во Штип немало агенти со службеното возило.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.