Филипче: Oд ѓурѓовденската литија има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното интервју за телевизијата 24 Вести објасни дека од ѓурѓовденската литија во Струга, која се одржа на 7 мај, има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19.
„Тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Тие се процесуирани и се следат. Имаме потврдени случаи по десетина, кои присуствувале на семејни настани. Некој од нив несвесен дека е носител на вирусот, или пак во почетна фаза на болеста, не се изолирал и ги заразил другите“, информира Филипче.
Вели дека новозаразените се луѓе кои не ги почитувале мерките и апелираше до институциите сериозно да санкционираат неправилности.
Вчера во земјава имаше еден смртен случај, и 23 ново заразени од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.