17 Мај, 2024
0.0317

Филипче: Од ноември уште некоја група деца ќе одат во училиште ако имаме стабилна епидемиолошка состојба

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон.../Rruga drejt...“ на Алсат М телевизија истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на месец ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата.

- Од 1 октомври, со физичко присуство би можеле да одат и други одделенија само во ситуација кога вкупниот број на деца во одделенијата или бројот на класови во училиштето е толку мал да сметаат епидемиолозите дека е ризикот мал, односно ист или помал, на тоа да во големо училиште се спореди со децата во коишто физички биле присутни од прво до трето одделение. Да дообјаснам, имаме регионално училишта во кое учениците се заедно во едно одделение од прво со петто, од 10 до 15 или 7 деца. Ги анализиравме училиштата на тие ќе им дозволиме, но ако веќе има една одредена бројка на деца, 20-тина од прво до трето одделение нема да се дозволи на останатите одделенија, заради тоа што со тоа ризикот се мултиплицира. Еден е ризикот да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, ама повеќе од двојно ќе биде ризикот да уште толку деца да ставиме од четврто, петто и шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници. На пример, ако е некоја наставничка позитивна и дојде во контакт со голем број на деца тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел. - потенцираше министерот Филипче.

Тој истакна дека секоја од мерките се носени и препорачани за да се почитуваат. Граѓаните мора да бидат свесни дека така го штитат и сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

- Препораките за постепен влез во есенските месеци, за постепено пуштање во функција на градинките, училиштата, рестрикцијата на бројот на ученици во училиштата е токму поради тоа. Не сакаме огромен број на ризик фактори да се сконцентрираат во еден временски период. Сметаме дека во месец септември луѓето се веќе на работните места и повеќе се во затворено, повторувам дека за секој од овие економски оператори, компании, администрација има препораки како се носат маски, како се седи на дистанца итн. Секогаш уште на почетокот препораката кој може да работи од дома он лајн тоа да го прави и тоа важи насекаде во светот“, рече Филипче.

Во емисијата, Филипче посочи дека не може да се запре со животот. Ниту една земја не може да запре со животот.

„Ние може само да видиме и да пратиме искуства што се случува во други земји, во светот во коишто мерките не се почитуваат. Случај е сега Израел. После наглото отворање на училишта, градинки, тие се принудени да воведат карантин. Повеќенеделен, во временски период од три недели. Ние имаме протоколи и начин на функционирање на апсолутно сите економски оператори. Тоа е теркот по којшто ќе се живее. Не може да ставаме рестрикции коишто може да дадат некакви лоши ефекти и средно и долгорочно, кои после ќе се одразат и на здравјето на граѓаните. Едноставно се смени животот насекаде. Граѓаните да бидат свесни дека треба да се почитуваат мерките“, потенцираше Филипче.


Можеби ќе ве интересира

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела