ФИЛИПЧЕ: Скопје не заслужува ваква негрижа, СДСМ ќе иницира итна седница на Советот на Град Скопје
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска повика на обединување за доброто на скопјани или ќе го преиспитаат учеството во Советот.
Вели дека градот Скопје се наоѓа во хаос, а граѓаните страдаат од последиците на нефункционалноста на јавниот превоз и натрупаниот смет. Филипче ја најави иницијативата на неговата партија за итна седница на Советот на Град Скопје.
„Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок“, изјави Филипче.
Oд Град Скопје велат дека со часови се чека автобус за на училиште и за на работа поради суетата на премиерот Христијан Мицкоски.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.