13 Април, 2025
0.0401

Филипче: Уште 4 позитивни, кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Март, 2020 15:02

Добивај вести на Viber

Денеска на седница Владата утврдила дека ќе се воведе кризна состојба на дел од територијата на земјава, односно општините Дебар и центар Жупа.

Ова е од причина што од Дебар денеска се потврдени уште четири случаеви на позитивни на коронавирус.

Денеска дошле за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар од уште 10 лица, кои се во врска со втората група хоспитализирани пациенти, бидејќи покажувале знаци, од вкупно 24, а тие сите беа во домашна изолација. 

Од тие десет досега за 4 е потврдено дека се позитивни, што значи дека има 4 нови позитивни пациенти. 

„Локалниот епидемиолог од Дебар ни ги прати материјалите, 4 се позитивни, а уште 4 ќе бидат проверени. Сите овие 4 нови случаи се со лесна клиничка слика. Затоа со Комисијата за заразни болести и Управувачкиот комитет одлучивме да предложиме кризна состојба. Тоа значи ограничување на движењето на луѓето кои живеат во тие општини внатре во нив, но и да излегуваат надвор од истите“, вели Филипче. 

На Клиниката за инфективни болести сега има девет пациенти. Сите се стабилни и не се на апарати за дишење, освен првата жена од Дебар, каде има дополнително влошување. 

„Таа е на граница да биде ставена на машина за дишење, но специјалистите се надеваат дека со дополнителна терапија тоа можеби ќе го избегне“, вели Филипче. Но ако има влошување, жената ќе биде поставена на машина за дишење.

Еден патник, наш државјанин, кој вчера дошол од Германија на скопскиот аеродром, имал покачена температура. Тој е изолиран и е земен материјал, а изолирани се и другите лица кои седеле до него. 

Можеби ќе ве интересира

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите