Филипче: Вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне веднаш откако ќе стигнат првите дози
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2021
Искусни тимови ќе
работат на вакцинацијата против Ковид-19, а имунизацијата во другите градови ќе
се спроведува во пунктовите по примерот на вакцинацијата против сезонскиот
грип, истакна министерот за здравство Венко Филипче по денешниот работен
состанок во поликлиниката Бит Пазар. Иако повторно не откри кога точно ќе ги
имаме првите вакцини, тој нагласи дека имунизацијата против корона вирусот ќе
почне истиот момент откако ќе пристигнат првите дози.
-Вакцинацијата во другите градови ќе се спроведува во вакциналните пунктови, по примерот на вакцинацијата за сезонски грип. Сега ги утврдивме местата, како и лекарите, медицинските сестри, искусните тимови, коишто ќе работат со системот на вакцинација и специјализантите кои ќе бидат во еден дел повлечени од специјализација од Клиниката за детки болести, за што исто така е направен распоред. Понатаму, местата кадешто тука ќе се чуваат вакцините, во фрижидерите на температура за вакцините од Кина од 3 до 8 степени и веќе спремен еден фрижидер на температура од -70 степени. Во оној момент кога ќе стигнат вакцините може практично да започне процесот на вакцинација“, рече министерот Филипче.
Во изјавата за медиуми, Филипче информираше дека овие денови правната служба интензивно разговара за транспортот и посочи дека за кратко време ќе се знае и точниот датум на испорака на вакцините во нашата земја.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.