Филипче за ограничувањата за влез во ЕУ: Ние да не тестираме толку, бројкот на новозаразени ќе се намали
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Да не ја гледаме само апсолутната бројка на заболени, вели денеска министерот за здравство Венко Филипче на прашањето за ограничувањата од Европската Унија за влез на македонски државјани. Вели дека во земјава има доста новозаразени затоа што има и многу тестирања.
„Јас мислам дека не може да се гледа само апсолутната бројка на дијагностицирани пациенти, туку каков е пристапот, дали се прави широко тестирање и индикација за контактите на заболените. Кога не би ги тестирале повеќе нема да откриеме толку асимптоматски пациенти и апсолутната бројка ќе падне. Тогаш можеби ќе не пуштат во некоја земја, но ние нема да имаме целосна слика. Ќе дозволиме да се случи пропуст и да шетаат асимптоматските случаи. Бројката ништо не значи, вели Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.