15 Декември, 2025
0.0564

Филипче: Забранет ќе биде влез само на настаните и угостителските објекти, а не во институциите

Објавено во: Македонија 08 Август, 2021 11:02

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција појасни дека забранетиот влез за невакцинирани од 16 август ќе важи само за организираните настани и за угостителските објекти, како на затворено така и на отворено. Влезот че биде слободен само ако има помалку од 30 присутни, но за тоа кој ќе ги брои ќе се договорат надлежните институции со координација за протоколите во наредната недела. 

- Тоа важи само за настани и угостителски објекти и на затворено и на отворено. Нема одлука за институциите. Апелирам до сите приватни и државни институции кои работат со голема бројка на луѓе, истите да ги поттикнат вработените да се вакцинираат, рече Филипче пред новинарите.

Министерот смета дека рок од само една недела е разумен период да се реорганизираат настаните и оние кои планирале свадби и подвлече дека вакцината е единствениот механизам со кој може да се смени сликата на пандемијата. 

„Сакаме да го зголемиме опфатот на вакцинацијата за да нема рестрикции како што имаше. Во есенските месеци ќе се зголемат ризик факторите. Има сосема доволно количини на вакцини. Околу 400.000. Секоја недела пристигнуваат 20 до 30 илјади од вакцината Фајзер и таа динамика ќе продолжи.  Мораме сите процеси да ги нормализираме. Со прележување, количината на антитела не е доволна“, смета тој.

Министерот додаде дека последните мерки сепак биле најавувани подолго време, иако за јавноста дојдоа сосема неочекувано.

„Воопшто не е доцна за овие мерки, ова се работи кои ги најавувавме и го чекавме моментот. Евидентниот раст на број на пациенти започна и сметаме дека е добар период, бидејќи доаѓа период на месеци кога поголем број на луѓе ќе бидат во затворено. 

Да започнат и училиштата како што посакуваме. Анкетите покажуваат дека имаме проблем таму каде што мерките не се почитуваат. Ние и сега имаме соодветни протоколи, но кои очигледно е дека не се почитуваат“, изјави Филипче.




Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“