Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ ќе добие еден градоначалник во скопските општини
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2025 13:45
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек и оти со сигурност може да каже дека ќе имаат свој кандидат за Куманово – Максим Димитриевски кој е и актуелен градоначалник.
- Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите, рече Филков во одговор на прашањето дали се преговара со ВМРО-ДПМНЕ за зааеднички настап на локалните избори, рече денес министерот за правда.
Во однос на тоа дали ЗНАМ би поддржала една изборна единица, тој истакна дека се подготвени веднаш да одат на избори по било кој модел.
– Ние како ЗНАМ сме подготвени уште утре да има избори, сеедно со било каков модел. Со ова рапидно растење, со ова пристапување на членови и потенцијал, може и во недела да излеземе на избори со било кој модел, рече Филков на денешната прес-конференција на која инфомираше за формирање на градската организација на ЗНАМ во Скопје.
Тој не сакаше да навлегува во детали за измените на Изборниот законик, потенцирајќи дека денеска на прес-конференцијата е во улога на член на претседател на ЦО на ЗНАМ, но, најави дека во Министерството за правда со кое раководи, следната недела ќе има брифинг за сите тековни активности каде, како што рече, ќе биде направен пресек со осврт на реформскаата агенда.
Филков рече дека преговорите се во тек меѓу сите политички чинители, но, оти не ги водат тие, туку се само дел од преговорите. Во Министерството за правда, додаде, сме подготвени и во Изборниот законик се вградени препораките на ОДИХР.
На денешната прес-коференција Филков инфомираше дека е конституирана Градската организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје.
-Овој чекор не е само формалност. Ова е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба. Ова е гласна порака, од срцето на државата, од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, своја структура и своја сила, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




