17 Мај, 2024
0.0252

Филмот Lego му помага на славниот бизнис со коцки во САД

Објавено во: Стил 28 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Популарноста на "Лего: филмот" можеби доаѓа во вистинскиот момент за данскиот производител на играчки Lego, кој очекува да забележи нагло забавување на бизнисот во САД во 2013 година, по неколку години на постојан пораст, пишува Wall Street Journal. Сорен Торп Лаурсен кој раководи со активностите на компанијата во Северна Америка, неодамна изјави дека продажбата во САД минатата година била "поумерена во однос на натприродните зголемувања во последните осум години". Конструкторите на Lego продолжуваат да се екстремно популарни и покрај забавувањето кај другите традиционални играчки поради конкуренцијата од страна на дигиталните игри, вклучувајќи мобилни апликации кои можат да се играат на уредите iPad. Одложувањето во САД беше забележано пред објавувањето на "Лего: филмот", кој беше број еден во американските бокс офис во текот на три последователни недели. Lego која добива дел од профитот од филмот, објави дека очекува филмот да ги зајакне продажбите во 2014 година и во САД, како и на други пазари, и воЕвропа. Повикувајќи се на податоци на NPD Group, Lego соопшти дека продажбата во САД се зголеми за 1% до 1,35 милијарди долари во 2013 година, што и обезбедува на компанијата удел од 7,8% на пазарот на играчки во земјата и ја рангира на третото место меѓу производителите. Продажбата во САД претставува сериозен удел од приходите на Lego , кои изнесуваат 4 милијарди долари за 2012 година.  Пред две години продажбата на Lego во земјата порасна за 26% благодарение на претставувањето на серија нови производи . Побарувачката во Европа исто така, изгледа се забавува. Во јануари фирмата објави дека продажбата и во Германија - вториот клучен пазар, се зголемиле за 4% во 2013 година , во споредба со 13% во 2012 година. Фирмата одамна се потпира на Холивуд , за да се извлече од општата криза во индустријата. Таа со години заработува преку заеднички потфати со популарни филмски франшизи како "Star stinks", "Harry Potter" и "The Avengers.". "Лего: филмот" сепак безусловно е најголемиот хит. Досега филмот има приходи од околу 183 милиони долари во американскиот бокс офис и над 90 милиони долари во странство. Истовремено со филмот данската компанија има издадено неколку комплети Lego и конзола базирана на филмот. Од Warner Bros. неодамна објавија дека врз основа на филмот ќе биде создадена серија, следниот дел од неа ќе биде пуштен во кината во 2017 година. K.K.