„Фина“ планира да ја преземе контролата над Загребска берза, сопственик во Македонска берза
Објавено во: Економија 01 Август, 2025 16:04
Финансиската агенција (Фина) ја објави својата намера да покрене понуда за преземање на Загребската берза. Фина веќе поседува голем удел во Берзата, а сега има намера да добие целосна контрола врз централната институција на хрватскиот пазар на капитал.
Според официјалното соопштение на веб-страницата на Загрепската берза, Фина моментално поседува 231.553 обични акции, или 9,99 проценти од акционерскиот капитал и правото на глас. Предмет на понудата се сите преостанати акции што не се во сопственост на Фина, а се котираат на редовниот пазар на Загрепската берза.
По превземањето на Љубљанската берза, од 2019 година до сега купувајќи 17 отсто од акциите стана втор најголем акционер и во Македонската берза за хартии од вредност
Загребска берза стана втор најголем акционер во Македонската берза откако докупи 9,99% од акциите со право на глас. Сега „Загребска берза“ е втор најголем акционер во Македонската берза за хартии од вредност и поседува 17,05 отсто од акциите во македонскиот оператор на пазар на капитал.
Успехот на понудата е условен од еден клучен критериум: Фина ќе ја смета за успешна само ако, по нејзиното спроведување, поседува повеќе од 50 проценти од правото на глас, вклучувајќи го и веќе постоечкиот удел. Со други зборови, целта е да се премине прагот од 50 проценти плус една акција, што јасно ја покажува амбицијата за стекнување мнозинска контрола.
Според достапните податоци, агенцијата остварила силен раст на приходите во 2024 година, достигнувајќи 128,96 милиони евра, додека нето добивката се зголемила на 7,58 милиони евра, што е голем скок во споредба со 544 илјади евра од претходната година.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




