Финансиската полиција ја „чешла“ општина Струмица
Објавено во: 28 Јуни, 2016 13:26
Финансиската полиција обезбедува наредба од ОЈО за одземање на документација поврзана со тендери за превоз на ученици во општина Струмица.
Службеници на финансиската полиција веќе еден час се во просториите на Општина Струмица, пишува Press24. Според извори на порталот, финансиската полиција во моментов обезбедува наредба од Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција за одземање на документација поврзана со тендери за превоз на ученици во општина Струмица. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев деновиве ја обвини општината дека плаќала по неколку пати поскап превоз за учениците.




