Финансиско друштво со три милиони евра направи добивка од 1,2 милиони евра

Објавено во: Економија 12 Мај, 2025 10:57
Финансиското друштво за брзи кредити Еазу Фајнанс АД Скопје, кое пред неколку години се трансформираше во акционерско друштво, на „Македонска берза“ објави дека за 2024 има остварено двојно поголема добивка.
Со приходи од 189 милиони денари, односно со околу 3 милиони евра, единственото акционерско друштво од оваа дејност остварило 72 милиони денари чиста добивка по оданочување. Профитот изнесува околу 1,2 милиони евра и тој е за повеќе од двојно поголем од една година претходно (500 илјади евра).
Членови на органот на управување се Шерефедин Амити, Анита Богоевска и Рајна Петкова Енчев. Покрај со одобрување кредити, друштвото се занимава и со издавање и администрирање кредитни картички и со факторинг. Во сопственост е на едно физичко лице.
Давањето брзи кредити од финансиските друштва е и тоа како профитабилна дејност во последно време, а високите каматни стапки претставуваат високи профитни стапки.
За сопственичкиот капитал на компанијата е наведено дека е 100 отсто сопственост на едно физичко лице.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„По 3.500 денари месечно“, владата обезбедува стипендии за млади ученици во средно стручно образование

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најпознати и најголеми адвокатски друштва во Скопје?

СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА ПЛОВНА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА: Проектот предвидува околу 100 станови по многу прифатлива цена
Езеро Треска, Стар Дојран, Љубаништа - Државата не реализирала ниту една туристичка развојна зона

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

КАКО ДА СЕ КУПИ КУЌА ИЛИ СТАНЧЕ НА МОРЕ? Услови и детали за во Грција, Италија, Турција
Ангеловска-Бежоска си замина од Народна банка со златник доделен од Славески

ДЕТСКИ САНДАЛИ, АЛАТКИ ЗА ТЕТОВИРАЊЕ, ВЕЛОСИПЕДИ, КОЛИЧКИ, ДЕЛОВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ДЕПИЛАТОРИ: Паднаа шверцери на разни производи

ОВА СЕ ВЛАДЕТЕЛИТЕ ОД СЕНКА: Кој стои зад супер популарните компании?
