Фирма со пет вработени од Зелениково ќе прави улици, тротоари и патеки во Делчево
Објавено во: Економија 15 Јули, 2025 08:10
„Атеа Фемили“ го доби тендерот од над 163 илјади евра, да гради улици, тротоари и патеки во Општина Делчево. Фирмата, која има само петмина вработени, ќе треба да почне со изградба во рок од 20 дена по нарачката од Општината, и да заврши во рок од 60 дена, ако се работи за изградба на улици, не поголеми од 200 метри.
Фирмата дала банкарска гаранција од 8 илјади евра за квалитетно извршување на договорот, или 5 проценти од вредноста на догворот со општината.
Сепак, според документите, не им бил побаран број на вработени, ниту со колкумина ќе се работи на улиците, тротоарите и патеките низ Делчево. На електронскиот систем за јавни набавки, прикачени се само договорот и банкарската гаранција.
Фирмата, со седиште во Зелениково е основана во 2019 година, со дејност „изградба на патишта и автопати“. Отворена е и подружница за трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, која се наоѓа на иста адреса со главното седиште на фирмата.
„Атеа Фемили“ има добивано тендери од Општина Делчево и лани, а освен од оваа општина, тендери добила и од Свети Николе, Македонска Каменица, како и Општина Карпош.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




