19 Декември, 2025
0.3997

„Фабрика Карпош“ работи турбо за град Скопје, му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“

Објавено во: Економија 26 Септември, 2019 10:25

Добивај вести на Viber

Општините и Градот Скопје потрошиле за јавни набавки 97 милиони евра, односно 21 отсто повеќе од претходната година, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Базата што ја објавија содржи податоци за сите 3.898 договори за јавни набавки што локалните власти лани ги склучиле со 1.331 фирма.

Најмногу за јавни набавки во текот на минатата година трошел главниот град на земјава, кој со 14 милиони евра останува на врвот на листата. Кај градот Скопје се забележува и дека има огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 проценти, односно за 4,2 милиони евра. 

Или, се покажува дека Градот Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа, за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно. 

Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка, и на негово место годинава се искачи Струмица, со набавки во вредност од 4,1 милион евра. 

Според истражувањето, 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини.

„Пуцко Петрол“, претходниот најголем „собирач“ на тендерите од општините, го изгубил лани првото место и падна на седмата позиција, а приматот му го презеде „Фабрика Карпош“ од Скопје, според вредноста на добиените тендери во 2018 година.

Од главниот град во земјава, компанијата „Фабрика Карпош“ од Скопје во текот на минатата година добила зделки во вкупна вредност од 2,4 милиони евра. 

Во топ-трите фирми влезе и Пелагонија од Гостивар, а Бауер БГ го сочува местото во врвот, кое го има со години наназад. 

И во 2018 година има висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Па така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од цели 22 отсто во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми, држат дури една третина од вредноста на набавките.

Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата содржи податоци за последните четири години. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии