20 Декември, 2025
0.0379

Фирмите да поднесат годишни сметки за 2015

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2016 10:42

Добивај вести на Viber

Сите обврзници треба да достават годишни сметки за 2015 година до крајот на месецов, а за трговските друштва што поднесуваат во електронска форма, за трговците поединци и за самостојните  вршители на дејност рокот е 15 март 2016 година, информираат од Централниот регистар на Република Македонија. Во понеделник приемот на годишни сметки за 2015 година во хартиена форма ќе се врши во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистарво, во период од 8 до 20  часот. Исто така прием на годишни сметки за 2015 година ќе се врши и утре во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистар  од 8 до 16  часот. Согласно со Законот за трговските друштва, средните и големите субјекти се должни до Централниот регистар на Република Македонија да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма, а ревидираните и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи за 2015 година да ги достават најдоцна до 30 јуни 2016 година. Детални информации и упатства за поднесување на годишните сметки се објавени на веб-локацијата на Централниот регистар на Република Македонијаwww.crm.com.mk, во делот информативни содржини.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба