16 Декември, 2025
0.0535

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Објавено во: Економија 11 Декември, 2024 11:44

Добивај вести на Viber

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство, работеле турбо откако тој поднел оставка во април 2023 од челната функција на државните електрани.

Вчера се спроведе акција за криминал во ЕСМ, поточно во РЕК Битола и Рек Осломеј, во која еден од осомничените е Ковачевски.  Полицијата трага по поранешниот прв човек на ЕСМ, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата. 

Со мега акцијата на МВР се опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.

Фирмата Елтек Доо увоз-извоз Скопје, во која самиот Васко Ковачевски има удел од 10 отсто, а неговиот син поседува 90 проценти, работи на проектирање и изградба на трафостаници, но и на фотоцентрали и хидроцентрали.Приходите во 2023 се зголемиле за 78 отсто. Забележаниот приход е 525.000 евра, а добивката е зголемена за 2099 отсто, односно изнесува 92,3 илјади евра. 

Со слична дејност е и фирмата Елтек Градба Скопје, каде што Никола Ковачевски е единствен сопственик. Приходите се зголемиле за двојно повеќе минатата година и изнесуваат 569.000 евра. И добивката во 2023 бележи раст од 1.076 проценти, а заработката е 121.000 евра.

Бројот на вработени горе-доле останал ист. Синот Ковачевски ги поседува и фирмите Ембер Тим и Ембер Нетворк од секторот информации и комуникации, од кои едната има многу помали приходи, додека другата речиси никакви.

Фирмите на Ковачевски кои поседуваат лиценци за изведба, проектирање и надзор на градби од прва категорија за една година му донеле добивка поголема од 200.000 евра и приходи од околу 1,1 милион евра.

Инаку за детали од акцијата сè уште се чека да завршат претресите. Според досегашните сознанија, за време на претресите биле најдени големи суми на кеш.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи