ФИРОМ ти си гордост наша?!
Објавено во: Стил 21 Мај, 2019
Ја читам колумната на Тања Царовска во Опсервер каде објаснува како песната на Тамара ќе била одлична ако сме ја испееле ако не го решевме спорот со името, демек денес немаме право да се нарекуваме „proud“, бидејќи наводно сме изгубиле гордост. Гордост да се биде Македонец.
Во време на оваа Евровизиска еуфорија каде на Македонија за првпат и се случи до последно да биде водечки фаворит за победник, каде цела нација гледаше Евровизија и за момент помисли дека навистина може да победиме, не разбирам како воопшто се наоѓа замерка. Замерка за името, замерка за насловот на песната, замерка за Словенците, за Грците.
Ќе разберев да плукате по разочарувачки фалш настапот на Мадона, која мене лично како некој што потекнува од музичка фамилија и е музички писмен многу ме разочара. Ама да плукате по името на песната, името на земјата и куп други работи кои не зависат ни од Тамара ни од целосниот тим сте крајно смешни. Македонија оваа година имаше не само добра песна туку и одлична стратешка кампања со слоганот „proud“ која ја препозна светот. Во време на 21от век, кога во Алабама се гласа за забрана за абортус за жените сфаќаме дека светот иако технолошки е многу напред, сепак интелектуално е во голема мера назад.
Целата колумна на Аријана Коскарова ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019 читајте ја на Женски магазин, тука.