18 Декември, 2025
0.0475

Fitch останува внимателна со Грција!

Објавено во: Балкан 03 Декември, 2013 08:08

Добивај вести на Viber

Меѓународната рејтинг агенција Fitch го потврди своето мислење за кредитоспособноста на Грција. Кредитниот рејтинг се задржува на ниво B-. На овој начин рејтингот  е со шест нивоа под т.н. "инвестициски рејтинг", кој ги опишува безбедни форми на инвестиции. Fitch не очекува никаква промена во рејтингот за следните дванаесет до 18 месеци. Перспективата останува стабилна. Грција била на пат да ги укине економските дисбаланси , се вели во образложението на агенцијата. Клучно за кредитоспособноста сепак е враќање на грчката економија . Fitch очекува дека грчката економија ќе се намали за 4% во 2013 година. Следната година економскиот пад веројатно ќе биде послаб . Според Fitch може да се очекува примарен буџетски суфицит (со исклучок на камати ) . Сепак сеуште постојат голем број на големи политички опасности за процесот на реформи во земјата. Заморот од реформите се зголемува и мнозинството на сегашната влада во Парламентот е изложен на ризик. Во петокот пак агенција Moody's ја зголеми оценката за кредитниот рејтинг од C на Caa3. Оваа проценка сепак е чекор под оние на Fitch и Standard & Poor's. Fitch го зголеми кредитниот рејтинг на Грција во мај од CCC на B-. Кревањето на рејтингот доаѓа неколку дена откако ОЕЦД вели дека Грција ќе остане во рецесија и следната година и покрај круцијалниот напредок во фискалните и економските реформи. Организацијата очекува пад на Грчкиот БДП во 2014 година од 0,4%, што сепак е поголем оптимист во однос на претходните прогнози. Пред неколку недели "тројката" кредитори на земјата - ЕК, ММФ и ЕЦБ изјавија  дека очекуваат грчката економија да се врати на скромен раст во текот на следната година. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии