27 Април, 2024
0.0272

Фитнес инструктор чија компанија инвестира во своите вработени: Промовираме успешни приказни

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во новата кампања сакаме да ги промовираме компаниите кои вложуваат во развој на своите вработени и кои се клиенти на Академијата за дигитален маркетинг на Creative hub. Кај нас сеуште неретко ќе го слушнете мислењето „Што ќе вложувам во него и онака ќе си оди...“ Затоа треба да се промовираат тие кои издвојуваат дел од својот буџет за да им дадат можност на своите вработени да се доедуцираат.

Ѓорѓи Спасов е фитнес инструктор, тренер и ко-сопственик на Play Fit Move Wellness. На Академијата за дигитален маркетинг  и Академијата за графички дизајн на Creative Hub испрати двајца соработници од неговиот тим. Зборуваме за искуството, мотивациите и значењето на дигиталниот маркетинг во неговата компанија.

Спасов Вие раководите со општествено одговорна компанија која што инвестира во вработените. Што беше вашиот мотив да инвестирате во вашите вработени во едукација за Дигитален Маркетинг со оглед на тоа што не сте во маркетинг сферата?

Ѓорги Спасов: Секој сегмент во денешната бизнис комбинација е дел каде што не може да се опстане без маркетинг и социјални медиуми, како една најефтина и најактуелна варијанта на промовирање во денешницата. Бидејки го проширивме нашиот бизнис и добивме многу поголем спектар на улслуги, решивме да инвестираме нешто во самите себе и во нашата компанија за да го искористиме тоа на најдобар можен начин и да бидеме по ефикасни  и препознатливи на пазарот.

Вие сте биле тренер во неколку фитнес центри, а и на Ракометната Федерација на Македонија. Сега сте сопственик на два фитнес центри во Скопје. Кој е најголемиот предизвик со кој се соочувате? 

Ѓорги Спасов: Фитнесот и здравиот начин на живот бара многу борба со моменталната понуда на пазарот, еден од најголемите предизвици кај мене и кај сите што ја работат оваа професија е како да ги научиме младите да водат здрав начин на живот проследен со квалитетна доза на размислување како да се заштити и дозира телото во една здрава околина, особено во овој период на глобална пандемија кога голем дел од мојата област доаѓаат до предизвик да ги едуцираат сите луѓе дека всушност преку здравиот начин на живот сме поотпорни кон сите надворешни влијанија со кои што се соочуваме.

Многумина сметаат дека КОВИД-19 навистина ја погоди економијата и приходите на компаниите за развој на вработените се значително намалени.  Но, во Вашиот случај Вие го користите овој период за да инвестирате во Вашите вработени и едукација на Академијата за Дигитален Маркетинг. Дали тоа значи дека Вашиот сектор не е погоден?

Ѓорги Спасов: Секој сектор е погоден, а така и нашиот. Но ние успеавме да излеземе во пресрет со онлајн трендовите во денешницата и сметам дека секое време е погодно време да се инвестира во знаење и во едукација без разлика дали станува збор за кризен момент или не.

Дали досега сте направиле анализа преку кој канал-социјална мрежа се пријавуваат најголем број од вашите клиенти?

Ѓорги Спасов: Можам да кажам дека најголемото влијание кај младите останува на Инстаграм, како еден од главните канали каде што не следат нашите постоечки, а и потенцијални клиенти. Втората комбинација е Фејсбук каде што се среќаваме и со повозрасната група на клиенти, која е исто така наш тагрет како потенцијален клиент или дел од пазарот затоа што вежбањето не познава граници.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност