Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2025 10:19
Флекс Кредит и СОС Детско село на 7 мај, во просториите на Флекс Кредит, го потпишаа договорот за понатамошна соработка. Со тоа, двете организации по трет пат го формализираат своето партнерство, потврдувајќи ја заедничката посветеност на поддршка на децата без родителска грижа исоцијалното загрозени семејства.
Оваа година, првиот дел од договорот предвидува финансиска поддршка во износ од 300.000 денари, наменета за директно финансирање на програмските активности на СОС Детско село. Покрај оваа донација, Флекс Кредит останува посветен партнер и преку дополнителни ангажмани и иницијативи кои, иако не се изразени со конкретна финансиска вредност, имаат длабоко и долгорочно влијание врз заедницата.
„Секоја година, ова партнерство станува посилно и поисполнето. За нас во Флекс Кредит, општествената одговорност не е само обврска, туку искрена и долгорочна посветеност кон иднината на децата. Горди сме што СОС Детско село е наш доверлив и посветен партнер,“ изјави генералната директорка на Флекс Кредит, Јоана Спасовска.
Соработката помеѓу Флекс Кредит и СОС Детско село претставува пример за одржливо и искрено партнерство меѓу приватниот сектор и граѓанските организации, насочено кон создавање подобри услови за раст и развој на децата во Северна Македонија.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство




