20 Декември, 2025
0.0649

Флерт на работното место – да или не?

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 15:14

Добивај вести на Viber

Чувствувате физичка привлечност кон вашата соработничка, но и двајцата сте во врска. Како да бидете сигурни дали е тоа нешто што треба да го следите, или пак нешто што треба да го сопрете? Никој не сака погрешен потег со кој би бил избркан од работа. Прашањето е, дали да ја направите вистинската работа, или работата што чувствувате дека е вистинска? Фактот дека вие и вашата колешка веќе имате пријателство, ве прави совршен издувен вентил за неа. Ви се доверува за нејзината врска, а истовремено знае и дека вие се грижите за вашата. Затоа сака да биде околу вас, ве чувствува сигурен, некој на кој може да се потпри, и тоа во случајот е болната точка за вас. Останува на ваш потег, дали ќе го живнете овај канцелариски флерт. Бидејќи сите добро знаеме, кога еднаш ке тргниш, нема враќање назад. Пијачка на екс по завршувањето на работното време, долги муабети, одврзување на вратоврската, и однесување како да не се знаете следниот ден, таков крај на играта нормално никој не посакува. Друга верзија би била наметнување од нејзина страна, ве поканува на ручек, и со нетрпение го чека следното ниво. Што би можеле вие да сфатите во таков случај? А) Дека можеби воопшто и не ви се допаѓа, Б) Тоа го прави со секој, В) Што ако дознае вашата девојка? Конечно, размислете добро - Ја замислувате вашата колешка како ваша идна девојка, или едноставно си барате возбуда во вашата долга и веќе монотона врска? Совет, украдете од возбудата на работното место, и однесете ја кај вашата девојка, така што ќе ја зачините врската со нови моменти, а и ќе се поштедите себеси од можното страдање и потенцијални проблеми.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии