26 Април, 2024
0.0302

ФОКУС НА ДЕНОТ: 13 земји бараат датум за Македонија, Груевски и Богоевски веќе не се пратеници

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министрите за надворешни работи на Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија и Бугарија, како и на Италија, Малта, Австрија, Хрватска, Словенија, Полска и Словачка денеска во заедничко соопштение ги повикаа членовите на Европскиот совет да донесат одлука за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија месецов.

Сметаат дека од суштинско значење е да се обезбеди севкупен напредок во регионот.

Наведуваат дека ЕУ треба да ја исполни својата недвосмислена определба за европската интеграција на Западен Балкан. 

Според нив, не постои „план Б“ за регионот

Павле Богоевски по констатираната оставка како пратеник во Собранието на Македонија на денешниот брифинг пред новинарите рече дека ќе продолжи да делува вонинституционално како активист.

- Борбата ќе продолжи. Јас не можам да молчам. Таа ќе биде вонинституционална и ќе продолжам со својот активизам - рече Богоевски.

За тоа дали ќе побара апанажа, наведе дека јавноста ќе биде известена за неговиот став понатаму

Собранието на Северна Макекедонија ја констатираше оставката на Никола Груевски, која до Парламентот беше доставена на 5 јуни. Предлогот за одземање на мандатот е беспредметен и се повлекува.

На актуелните претседатели на ограноците на ДУИ, мандатот им истече уште минатата година, и како што ја информиравме јавноста, на состанокот на претседателството и Централниот Совет пред претседателските избори, се формираше работна група одговорна за одржување на собранието на форумот на младите и на жените, регистрацијата на членството, одржувањето на изборите при локалните подограници и ограноците како и организација на изборниот конгрес на ДУИ, информира Артан Груби од ДУИ. 

„Го избравме новото претседателство на форумот на младите и на жените на масовни и спектакуларни собранија, ја завршивме регистрацијата на членството и следен чекор е организирање на внатрешнопартиските избори. Затоа, на вчерашниот состанок на претседателството се одредија одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок. По овој Изборен процес следува организирањето на изборниот конгрес на ДУИ. Ниту еден претседател на огранок не е разрешен, туку се објавени внатрепартиските избори во согласност со партискиот статут“, информира Груби. 

ДУИ е партија компактибилна со времето и околностите, па затоа секогаш имала прилив на нови лица во партијата, истовремено заддржувајќи го основачкиот столб непокорен и стабилен, додава тој. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот