26 Април, 2024
0.0436

ФОКУС НА ДЕНОТ: Јанева со часови вршеше увид во доказите, Германија се очекува даде зелено светло за преговорите

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

По три часа поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, го напушти Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказите за случајот „Рекет“.

Јанева, како и Боки 13 во обвинителството бараа прво да се запознаат со доказите, па дури потоа да ги кажат своите верзии за аферата.

„Не ни беше даден на увид исказот на второсомничениот, без образложение. Нас ни беа дадени на увид исказите на сведоците, но не и на осомничените бидејќи обвинителството немало таква обврска“, изјавија адвокатите на Јанева.

Јанева беше спроведена пред два дена да даде исказ во Обвинителството, но и таа како и првоосомничениот Бојан Јованоски одлучи да даде исказ откако ќе направат увид во доказите.

Кичеец пред неколку дена замина во домашен притвор, а Јанева и Јовановски остануваат во притвор во Шутка. 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објасни дека критериумите кои германскиот Бундестаг ги постави за Македонија непосредно пред изгласувањето на позитивна одлука за старт на преговорите со ЕУ не претставуваат ништо ново, односно не се нови условувања и дека тие се позитивни за нашата земја. Гласањето е закажано во 19.30 часот и се очекува германскиот парламент со апсолутно мнозинство да го одобри Датумот за преговори на Македонија со ЕУ.

„Во овој текст нема ништо ново од тоа што го предвидува самиот тек на преговорите, но сметам дека намерата на пратениците е да им укажат на скептиците дека ова ќе биде мониториран процес со многу условувања и само ако се исполнат условите ќе можат еден ден да станат членки на ЕУ“, вели Османи за Дојче Веле.

Според него, документот е одлична рефлексија на состојбите во државата и, како што вели тој, валоризација на тоа што сме го направиле во последните три години. Од критериумите објавени од Бундестагот суштината што може да се заклучи е дека Македонија нема да биде примена во ЕУ се додека целосно не ги затвори сите поглавја од преговорите.

Постапката за расветлување на аферата „Рекет“ оди сеопфатно, без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично правните дејствија, изјави јавниот обвинител Љубомир Јовевски на панелот за борба против корупцијата. 

Според него, корупцијата го разјадува секое општество и затоа е неопходно ефикасно справување со неа.

Можеби ќе ве интересира

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста