07 Октомври, 2024
0.0375

ФОКУС НА ДЕНОТ: Jaвноста згрозена поради децата оставени во автомобил, обвинителите остануваат без имунитет

Објавено во: Македонија 29 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Двете деца кои синоќа се пронајдени во автомобил во Ново Лисиче се сместени во згрижувачко семејство.

Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи ги згрижи децата кај згрижувачи. 

За тоа дали ќе им биде одземено родителското право  на старателите ќе се одлучува врз основа на доказите кои ги имаат институциите. 

Братчето (4) и сестричката (7) се пронајдени во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Минувачите синоќа околу 22 часот повикале полиција, по што се искршени стаклата од автомобилот и децата се пренесени на Детската клиника. 

Според полицискиот извештај разговарано е со двајцата родители. 

Децата се во добра здравствена состојба. 

Обвинителите остануваат без имунитет, а добиваат поголем буџет.

Собраниската Комисија за европски прашања усвои 10 од предложените 51 амандмани на Предлог-законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши иднината на СЈО. Расправата за останатите 41 амандмани ќе продолжи откако ќе бидат разгледани од предлагачите на амандманите и предлагачите на законот. Амандмани поднеле речиси сите партии.

Членовите на Собраниската комисија за европски прашања усвоиja 10 амандмани на Предлог-законот за јавно обвинителство, меѓу кои и укинување на процедуралниот имунитет на обвинителите и скратување на годишниот одмор, а Обвинителството доби поголем буџет. Комисијата не ги разгледа суштинските амандмани за иднината на СЈО и за нивните предмети.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ќе го закаже продолжението на седницата веднаш откако партиите ќе се усогласат, најверојатно во понеделник.

На 2 септември наставниците нема да ги примаат учениците.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков најави дека наставниците ќе го одржат предупредувачкиот штрајк на првиот училишен ден, откако од Министерството за образование нема најава дека ќе почнат преговори со синдикатот за поголемо зголемување на платите.

Планирано е наставниците да дојдат на работа во понеделник, но денот ќе го поминат на работното место без да ги примаат децата.

„Тие што штрајкуваат нема да прифаќаат деца, ниту пак да изведуваат некаква настава“– вели Неделков.

Неделков бара родителите да имаат трпение.

Наставниците во основното и средното образование бараат зголемување на платата од 25 отсто, наместо како што најави Владата 5 отсто.

Основниот суд Велес го одобри барањето од Јавното обвинителство и одреди 30-дневен притвор на газдата на градежната фирма и ангажираниот работник кој со апарат за брусење предизвика неконтролиран пожар кај рекреативниот центар Младост во близина на Велес по што беа уништени стотици хектари шумски фонд пред три дена.

Полицијата истиот ден уапси четирите лица а истрагата го опфати и одговорниот на градежната компанијата како и самата фирма која ангажирала градежни работници за извршување на работи во регионот. 

Тужбите се однесуваат на предизвикување тешки кривични дела за општата безбедност, а казната може да биде и 10 години затвор: За фирмата се предвидува парична казна. 

За преостанатите уапсени, судот го прифати барањето на обвинителството за предложените мерки на претпазливост.

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија