26 Април, 2024
0.0288

ФОКУС НА ДЕНОТ: Колегите се оградуваат од Катица Јанева, кој ќе ја замени?

Објавено во: Македонија 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Oбвинителката од СЈО, Лиле Стефанова денеска се огради од специјалната јавна обвинителка,  Катица Јанева која доби 30 дена притвор како осомничена во случајот „Рекет“. 

Вели дека од самиот старт била воздржана кон работата на Јанева и дека според неа, во моментов не е важно дали осомничениот е шеф или колега. 

„Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа“ – вели Стефанова.

Таа додаде дека никогаш не се ни доближила до Јанева. 

Претходно и обвинителката Фатиме Фетаи се огради од Јанева, и потенцираше дека секој кој се огрешил мора да одговара. 

Oбвинителката Лиле Стефанова по судењето на „Титаник“, одговарајќи на новинарско прашање дали таа ќе ја замени специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.која заврши во притвор за „Рекет“, кажа дека ниту претендира, ниту ќе конкурира за замена на Јанева.

„Истагата за „Империја“ застана по донесување на начелното правно мислење и ќе повторам, нема друг решение, освен час поскоро да се донесе законот за Јавно обвинителство. Политичарите мора, во овој момент да си ја преземат одговорноста“, изјави Стефанова.

Стефанова, ситуацијата во СЈО ја опиша како најтешка до сега. 

Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, следната недела оди во Собрание каде е закажана седница за вторник, иако засега се уште нема договор меѓу работните групи на власта и опозицијата.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Од Министерството за правда за МИА велат дека засега нема закажно нова средба, иако претходно беше  најавено дека разговорите ќе продолжат неделава. Сметаат дека компромисот треба да се гради во Собранието.

– Најдобра опција е консензусот да се прави во Собрание. Пратен е текстот и добро е сите пратеници што имаат забелешки да поднесат амандмани, наведуваат од Министерството за правда.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот