01 Јули, 2024
0.0299

ФОКУС НА ДЕНОТ: Партиите се караат за повратот на ДДВ, „падна“ обвинување за разузнавачки активности

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ дека Владата на Зоран Заев со Мој ДДВ ќе им ги врати парите на граѓаните. 

Наведуваат дека граѓаните со оваа мерка може да добијат во просек 156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што значи  никогаш нема да стигнат до бројката од 30.000 денари која Зоран Заев им ја ветуваше. За да се оствари ветувањето на Заев дека граѓаните ќе добијат 30.0000 денари од поврат на ДДВ и ќе можат да реновираат соба, да исплатат кредит или да одат на одмор потребни ќе бидат дури 16  години, а не една година, реагираат од партијата. 

„Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Откако се СДСМ на власт парите наместо кај граѓаните завршуваат кај кланот Заеви и бизнисите на функционерите во врхушката на власт. СДСМ за две години ги осиромаши граѓаните на Република Македонија, а државата ја доведе до економски колапс. Заради погрешните економски политики на власта над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а македонската економија е на дното во Европа. Додека повеќе од 70% граѓани земаат плата помала од просечната и не знаат како ќе го преживеат месецот, власта ги замајува со мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаваат дека доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да ги намали даноците, да ја укине акцизата, да стимулира намалување на цените на мало и да престане да ги ограбува преку наместени, тендери, грантови и непотистички вработувања.

Арамиите од белиот дворец, од ВМРО-ДПМНЕ, упорно се противат на повратот на пари кај граѓаните, реагираат од СДСМ на опозициското соопштение во кое беше наведено дека со повратот на ДДВ граѓаните никогаш нема да можат да вратат 500 евра, како што најавуваше премиерот Зоран Заев. 

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е против мерката за враќање на 15% од ДДВ назад кај граѓаните, против тоа 50 милиони евра годишно да завршат кај народот.

„ВМРО-ДПМНЕ е против ефтината тарифа на струјата, против тоа 11 милиони евра годишо да завршат кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена социјална помош од 300%. ВМРО-ДПМНЕ е против можноста за поврат на персонален данок за земјоделците, против тоа 200 милиони денари да се вратат кај земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ е против намалувањето на ДДВ за парното од 18 на 5%. ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на минималната плата, против тоа 90 илјади работници да земаат поголема плата. Арамиите од ВМРО-ДПМНЕ се против секоја мерка која носи пари кај граѓаните, во секое семејство. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението

Во Северна Македонија има разузнавачи кои сакаат да ѝ наштетат на Србија, тврди претседателот на собраниската комисија за Косово во српскиот Парламент, Милован Дрецун. 

Вели дека пред два месеци е формиран силен разузнавачки тим, кој работи скриен во голема западноевропска фабрика за автомобили во Скопје, а чиешто тајно делување било насочено кон блокада на постигнувањето на компромисно решение помеѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тоа го прават разузнавачи од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ: Спасовски му ја честиташе победата на неговиот другар

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ: Спасовски му ја честиташе победата на неговиот другар

МНОГУМИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СДСМ КЛЕКНАТА И ПОРАЗЕНА“: Каква порака испрати Филипче по победата?

МНОГУМИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СДСМ КЛЕКНАТА И ПОРАЗЕНА“: Каква порака испрати Филипче по победата?

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

РЕВИЗОРИТЕ СО БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОПШТИНА РОСОМАН: недостатигале документи за градба, за технички прием...

РЕВИЗОРИТЕ СО БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОПШТИНА РОСОМАН: недостатигале документи за градба, за технички прием...

„ФИЛИПЧЕ СО ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ КОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА, СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ“: ВМРО-ДПМНЕ за новиот претседател на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ СО ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ КОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА, СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ“: ВМРО-ДПМНЕ за новиот претседател на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ МВР - зголемен период на чекање поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија

СЕ ОГЛАСИ МВР - зголемен период на чекање поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија