07 Октомври, 2024
0.0264

ФОКУС НА ДЕНОТ: Велешко ќе се пошумува, се бара одговорност за пожарите

Објавено во: Македонија 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Општина Велес, Владата и ЈП „Национални шуми” ќе спроведат брз и координиран план за масовно пошумување, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на опожарената шума во близина на велешкото езеро Младост. 

„Децениите за ревитализација ќе ги претвориме во години. Ќе спроведеме максимални напори за вонредно пошумување со адекватни видови садници, со што оваа територија ќе ја има повторно функцијата на шума со сите еколошки параметри неопходни за здрава животна средина. Ќе издвоиме од Буџетот средства за обезбедување садници,“ изјави Заев.

Во голем пожар изгоре површина од 400 хектари со борова шума и 200 хектари под сува трева. 

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице. По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените.

Малиот Марко Пејчиновски се откажа за време на новиот предизвик да го преплива триаголникот Охрид - Свети Наум - Струга поради силни болки во ногата.

Македонскиот маратонец-рекордер се откажа за време на новиот подвиг по изминати 4 часа и 49 минути пливање и комплетирањето на предизвикот го одложи за во некое друго идно време.

Инаку маратонот беше предвидоно да изнесува со должина од 64 километри а целта на Марко беше да го сврти вниманието кон лицата со ретки болести. 

Неговиот успех е уште позначаен ако се знае дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но и покрај тоа, лани го исплива маратонот од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач со таков успех.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски при посетата на рудникот Саса во Македонска Каменица денеска за медиумите изјави дека неговата перцепција укажува дека бизнис-заедницата, покрај политиката, не треба да влијае на истрагата во сучајот „Рекет“ на јавното обвинителство.

- Да бидеме стрпливи, да видиме што ќе покаже истрагата. Сега во овој момент не би сакал да коментирам како одат работите. Важно е дека тргнаа напред. Сакаме да видиме брза и темелна истрага, и истрага во која нема да се чувствуваат надворешни влијанија, ниту од бизнис-заедницата, ниту евентуално од страна на политичарите, рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека според информациите со кои располага, нема владино мешање за тоа во која насока да оди истрагата за оваа афера и дека немало заплашувања од страна на политички функционери до одредени сведоци да даваат информации за случајот.

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија