ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев не ја бендисувал Русковска, Мицкоски даде предлог кој би ја заменил Јанева
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
И мене не ми се допаѓаше Вимла Рускоска пред седум-осум години, рече денеска премиерот Зоран заев одговарајќи на новинарске прашање за новиот законски предлог за Јавно обвинителство.
„Јас не ја предложив за шеф. И мене не ми се доаѓаше Вилма Рускоска пред неколку години. Но, обвинителите се бираат на посебен начин односно од Советот на обвинители и тоа е нормален процес. Решението кое ВМРО-ДПМНЕ го бараше беше да се откажеме од самостојноста на СЈО и да го припоиме на ОЈО и тоа е прифатено. Веруваме дека има решение, рече Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски за наследник на јавната обвинителка во оставка, Катица Јанева.
ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева, изјави Мицкоски попладнево во интервју за ТВ Сител.
„Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителствата од каде што биле преземени“ – вели Мицкоски.
Oд ВМРО – ДПМНЕ прашуваат зошто специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не пријавила, ако знаела дека и други лица го користат нејзиното име за рекет.
Опозицијата уште еднаш повтори дека Јанева и СДСМ кријат луѓе за да не се дознае дали во шемата има вмешано лица од врвот на владеачката партија.
„Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО? Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат? Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе односно други луѓе кои што рекетирале се и Кики и Фрики кои што се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име? Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13? Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?, праша партискиот портпарол, Димче Арсовски.
Бранко Героски да ги пријави сите сознанија кои ги има во истражните органи. Не треба да има средба со мене, рече денеска премиерот Зоран Заев прашан дали ќе го прими на разговор новинарот кој јавно побара да с евиди со него. Героски е ватор на серијалот текстови кои претходеше на случајот „Рекет“, а во новите текстови најавува дека ќе има и нови информации.Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене - не! - му порачува новинарот Бранко Героски на премиерот по денешната прес конференција на која Заев му рече да ги пријави сите сознанија кои ги има во истражните органи.