05 Декември, 2025
0.0503

Фолскваген ќе лансира 60 нови модели до 2018 година!

Објавено во: Стил 01 Мај, 2013 21:12

Добивај вести на Viber

Шефот на „Volkswagen Group“,  Мартин Винтеркорн откри дека до 2018 година неговата компанија ќе пушти на пазарот 60 нови или обновени модели. Тие треба да им помогнат на Германците за извојувањето на челното место по продажба во светот, пишува „The Detroit News“. Винтеркорн не открива детали за новите возила. „Без оглед на тоа дали сме во подем, или пад, нашата цел е да гарантираме дека групата Volkswagen останува на целта за останување на врвот во автомобилската индустрија", изјави Винтеркорн. За првиот квартал од оваа година продажбата на групацијата се зголеми за 5,1% во однос на истиот период минатата година, но оперативната добивка е намалена за речиси 1 милијарда евра. За да продолжи да расте, на среден рок „Volkswagen Group“ ќе се обиде да се дистанцира од ситуацијата во Европа, па твори нови 1 500 застапништва во земјите во развој. Според Винтеркорн овој потег, заедно со 60-те нови модели, ќе гарантира подобро претставување на пазарот од нивните главни конкуренти - „General Motors“ и „Toyota“.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: