Фон дер Лајен: ЕУ мора да биде подготвена за најлошото сценарио за гас
Објавено во: Свет 25 Јули, 2022 18:06
Европа брзо ја намалува зависноста од рускиот гас поради стравувањата дека испораките ќе бидат запрени како одмазда за санкциите, изјави во интервју за ДПА, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и ги повикува членките да го поддржат кризниот план кој се покажува како тест за солидарност.
Таа потсети дека извршната власт на ЕУ предложи земјите-членки доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти за да бидат подготвени за евентуален целосен прекин на испораката на руски гас, истовремено барајќи овластувања да наметнат задолжителни цели доколку е потребно.
ЕУ сака да може да обезбеди итен трансфер на гас за членките кои се соочуваат со недостиг во зима, доколку снабдувањето падне на критичните нивоа. Овој потег ќе го намали влијанието на рускиот претседател Владимир Путин врз 27-члената ЕУ, коментира ДПА.
Но, пристапот е своевиден тест за европската солидарност, при што некои земји се против плановите за вонредни состојби, велејќи дека не можат дополнително да ја намалат потрошувачката на гас.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервјуто за ДПА итно повикува на поддршка, откако Русија ги објави плановите за дополнително намалување на испораките на гас за Германија кон крајот на оваа недела.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




