10 Декември, 2024
0.0268

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, како за компаниите така и за поединците, а особено за младите, чест е да се биде дел од една континуирана позитивна приказна на едукација, посветеност на науката и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Особено ни е драго што компанијата во изминатите 16 години е дел од успешната академска приказна на 659 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје, кои се додадена вредност на македонското здравство и фармација. Едукацијата во овие две сфери е од исклучителна важност, а процесите во нашата компанија бараат стручно профилирани кадри и особено ми е драго што досега 101 oд стипендираните студенти одлучиле својот професионален пат да го започнат во некој од нашите оддели, во кои своето знаење и капацитетите можат да ги демонстрираат со целосен потенцијал. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручни кадри и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес ‘Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ДАВКОВА СИЛЈАНОВСКА ОЧЕКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: „Страшно е во политиката да има такви луѓе“

ДАВКОВА СИЛЈАНОВСКА ОЧЕКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: „Страшно е во политиката да има такви луѓе“

Агелер: Не ги споделуваме доказите за Груби и Беџети, но македонските власти може да ги најдат

Агелер: Не ги споделуваме доказите за Груби и Беџети, но македонските власти може да ги најдат