05 Декември, 2025
0.0767

Forbes: 10-те најбогати Американци за 2013 година

Објавено во: Стил 17 Септември, 2013 19:42

Добивај вести на Viber

Бил Гејтс е најбогат Американец во 20 - та година по ред со лична состојба што се проценува на 72 милијарди долари , покажува најновата, 32- а по ред , рејтинг листа на 400 - те најбогати во САД на магазинот Forbes . Пет години откако финансиската криза стопи дел од состојбата на многумина во САД и во целиот свет , најбогатите Американци , како група , конечно успеаја да си го вратат она што го беа изгубиле. Општата состојба на 400 - те најбогати Американци изнесува над 2 трилиони долари што е еквивалентно приближно на БДП-то  на Русија. Износот порасна за 300 милијарди долари , во споредба со претходната година и повеќе од двојно во споредба со од пред една деценија.Во просек, состојбата на членовите на рангирањето изнесува неверојатни 5 милијарди долари . Износот е за 800 милиони поголем во споредба со лани и е нов рекорд. Оваа година , за да влезе некој во рангирањето треба да располага со 1,3 милијарди долари . Последниот пат кога износот бил толку висока , беше во 2007 и 2008 година - пред падот на цените на недвижностите. Годинава 61 Американци кои се милијардери , не успеваат да влезат во рангирањето. Ворен Бафет повторно е на втората позиција и е човекот , чие богатство се зголемило најмногу во номинална смисла , откако тој се збогатил со 12,5 милијарди долари. Растот на цената на акциите на Facebook го покачи и статусот на Марк Цукерберг со 9.6 милијарди долари до 19 милијарди долари , со што тој се враќа во првите 20. Еве и кои се десетте најбогати Американци , според листата на Forbes: 10. Мајкл Блумберг - Bloomberg LP (31 милијарди долари) 9. С. Робсон Волтон - Wal-Mart (33.3 милијарди долари) 8. Алис Волтон - Wal-Mart (33,5 милијарди долари) 7. Џим Волтон - Wal-Mart (33,8 милијарди долари) 6. Кристи Волтон и семејство - Wal-Mart (35.4 милијарди долари) 4. Дејвид Кох - Koch Industries (36 милијарди долари) 4. Чарлс Кох - Koch Industries (36 милијарди долари) 3. Лари Елисон (41 милијарди долари) 2. Ворен Бафет - Berkshire Hathaway (58.5 милијарди долари) 1. Бил Гејтс - Microsoft (72 милијарди долари)

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: