Forbes: Најпосакуваните ергени од листата на милијардери
Објавено во: Стил 19 Септември, 2013 21:49
Џек Дорси основал повеќе успешни технолошки компании , меѓу кои Twitter и Square . Момчето од средниот Запад сеуште не ја нашол љубовта. Се зборува дека повторно излегува со инструкторката по јога Кејт Грир , откако раскина со британскиот модел Лили Кол претходно оваа година. Можете да заработите неговото срце во 140 карактери или помалку , ако му пишете на Twitter!
Скот Данкан, 31 година. Состојба: 5.5 милијарди долари
Тој е исто толку мистериозен како и богат. По смртта на неговиот татко во 2010 година сметката на Данкан порасна за 2,4 милијарди долари , благодарение на делот кој го наследи во компанијата за цевководи Enterprise Products Partners.
Роберт Пера, 35 години. Состојба: 1.95 милијарди долари
Пера има сè - брзо растечка технолошка компанија ( Ubiquiti Networks , Inc ) , тим од НБА ( Мемфис Гризлис ) и според некои информации - доста добра рака за кошарка. Тој сепак нема со кого да го сподели сето тоа. Според гласините во кинеските медиуми, од јуни Пера излегува со тајвансккиот модел Руру Лин .
Тор Петерсон , 49 години. Состојба: 2 милијарди долари
Петерсон е единствениот Американец во меѓународната група милијардери во Glencore Xstrata . Тој раководи со делот на компанијата за трговија со јаглен и кокс од Швајцарија . Петерсон е роден во Калифорнија , но учел во гимназијата во Швајцарија , а дипломирал Универзитетот Дјук во 1986 година.
Џефри Скол, 48 години. Состојба: 3.8 милијарди долари
Скола е еден од ретките луѓе во светот кои донираа над 1 милијарда долари. Филантроп , филмски продуцент и поранешен претседател на Ebay, тој во моментов живее со својата девојка Стефани Суедла во Силиконската долина.
Питер Тил, 46 години. Состојба: 1.8 милијарди долари
Тил ја основа компанијата за онлајн плаќање PayPal во 1998 година , која подоцна е продадена за 1,5 милијарди долари. Тој стана првиот професионален акционер на Facebook во 2004 година , кога напиша чек за 500 000 долари за над 10 отсто од акциите во компанијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





