Форбс: Двајца од основачите на Twitter меѓу милијардерите
Објавено во: Стил
06 Октомври, 2013 11:20
Добивај вести на Viber
Двајцата коосновачи на Twitter, Џек Дорси и Иван Вилијамс, и натаму се меѓу големите акционери на социјалната мрежа и го илустрираат брзиот напредок на младите гении на високата технологија на ниво на милијардери.
„Објавувањето на листањата на берзите на Twitter потврдува дека, да се биде претприемач од типот „self made man' е една од ретките расположиви стратегии, доколку се сака да се стане милијардер на забрзан начин", истакнува Дејвид Фридман, претседател на компанијата специјализирана за процени на личните богатства „Wealth-X".
Компанијата проценува дека најмногу би требало да профитира 41-годишниот Иван Вилијамс кој учествувал во основањето на социјалната мрежа и беше нејзин главен директор во периодот меѓу 2006 и 2010 година.
Магазинот Forbes објави дека Вилијамс ќе влезе на неговата референтна листа на милијардери, оценувајќи дека тој сега има сопственост од 1,4 милијарди долари, од кои 1,1 милијарда долари за уделот во Twitter. Така на листата ќе му се придружи на 36-годишниот Џек Дорси, дизајнер на програмата на социјалната мрежа на која и го напиша првиот твит во март 2006 година, и беше првиот главен директор.
Извор Макфакс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: