Форин полиси: Листата на 500 највлијателни луѓе во светот
Објавено во: Стил 02 Мај, 2013 19:51
Mоќни монарси, политичари, шефови на безбедносни служби, верски лидери, директори, банкари и други богаташи се најдоа на листата со 500 највлијателни луѓе во светот која ја направи американското списание „Форин полиси“.
На оваа листа се забележани имињата на американските претседателски парови, сегашниот Барак и Мишел Обама и поранешниот Бил и Хилари Клинтон, која донеодамна беше државен секретар.Во највлијателните 500 се и претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како и тибетанскиот духовен лидер Далај Лама, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ку-мун, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, но и директори на безбедносни агенции, на американската ЦИА Џон Бренан и на руската ФСБ Александар Ботникоф.
За најмоќна светска марка е издвоена „Кока кола“, чии прозводи се конзумираат во повеќе од 200 држави, а на листата најголеми компании е и Епл, а меѓу највлијателните во виртуелната сфера се Фејсбук, Гугл, Јутјуб, Википедија и Јаху.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





