17 Мај, 2024
0.0330

Формирана првата регионална мрежа за поволно деловно опкружување

Објавено во: Економија 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) како и институци од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина во Ријека, потпишаа договор за формирање на прва „Регионална мрежа за поволно деловно опкружување“. Станува збор за прво тело со регионален предзнак задолжено за унапредување на условите за стопанисување во одделните економии и привлекување нови инвестиции. Така, општините во регионот меѓу кои Велес и Струмица, кои го добија сертификатот за поволно деловно опкружување во ЈИЕ, во рамките на проектот „BFC SEE“, ќе спроведуваат реформи во администрацијата во насока на унапредување на процедурите, јакнење на транспарентноста, намалување на бирократијата и обезбедување докуметни како и податоци за потенцијалните инвеститори. Сето ова е неопходни во процесите на планирање на работењето и донесување инвестициски одлуки. Бизнис пријателската сертификација на општините – BFC е процес кој промовира стандарди за ефикасна и транспарентна локална администрација, квалитет на услугите и информациите. Економски јака општина треба да е предизвик за секој градоначалник во нашата земја. ССК и ЗЕЛС во изминатите 20 месеци активно работеа на пилот проектот „Сертификација со поволно деловно опкружување во ЈИЕ“. Четири општини беа дел од пилот проектот меѓу кои две општини од Р. Македонија успешно го поминаа процесот на сертификација, општина Велес и општина Струмица. Сертификацијата на општините продолжува и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА