06 Декември, 2025
0.0286

Формула 1 ги губи гледачите, а кабелските оператори претплатниците!

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2014 08:03

Добивај вести на Viber

Во 2013 година телевизиската публика на светскиот шампионат во Формула 1 е намалена за 50 милиони гледачи, пишува весникот Walt Street Journal при што ги цитира организаторите на првенството. Според информациите, трките биле забележани од вкупно 450 милиони гледачи. Нискиот рејтинг и соодветно финансиските загуби се поради преминувањето на емитување кон платени канали, како и поради прејудицираниот излез од првенството. Себастијан Фетел обезбеди четврта светска титула, освојувајќи ги последните 9 старта од сезоната. Покрај успесите на шампионот, пад се забележува дури и во неговата татковина Германија. Натпреварите биле проследени од 31,3 милиони Германци, што е за 8,7 милиони помалку. Најголемата публика Формула 1 повторно ја има во Бразил, но и таму се забележува пад. Во 2012 година трките ги гледале 85,6 милиони гледачи, додека во 2013 година нивниот број е намален на 77,2 милиони. А најмногу сериозен одлив на навивачите - 29,8 милиони, е забележан во Кина, каде што трките беа пренесувани од државната телевизија CCTV кон 13 регионални канали. Слично намалување има и во Франција. Таму организаторите ја заменија телевизијата, која ги емитува трките - бесплатната TF1 со платената Canal + и тоа веднаш доведе до негативен резултат. Гледачите во Франција минатата година биле 10,2 милиони против 16,1 милиони во 2012 година. Сепак ако се земе предвид и зголемувањето во некои региони, како Италија и Велика Британија, каде трките се прикажуваат и по платени и на слободни канали. Најголем раст е забележан во САД, каде што Формула 1 премина од платената Speed TV кон далеку по популарната NBC Sports. Затоа и публиката се зголемила за 1,7 милиони и достигнува 11,4 милиони гледачи.   K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: