ФОТО: 10 дестинации за добар, ама и евтин одмор!
Објавено во: Стил 14 Март, 2013 21:29
Поради кризата во Грција на хотелиерите не им е лесно, па се потпираат на туристите од странство, бидејќи се помалку посетители доаѓаат од домашниот пазар. Има се повеќе понуди за одмор во Грција по исклучително добри цени, а на почетокот на сезоната, во април и мај, тие се уште пониски.
Арапските Емирати:
Фаворит меѓу модерните дестинации! Секој кој сака луксуз со прифатлива цена, ова е местото за тоа.
Берлин:
Најновиот хотел во германската престолнина „Waldorf-Astoria“ ги отвори вратите на почетокот на годината. Сепак, има и други нови, поевтини хотели, како „Motel One“,„ Riu“, „25 Hours“ и „Steigenberger“. Тие никнуваат како печурки и цените се повеќе конкурентни, па Берлин, исто така се вклучува во листата на туристичките дестинации за оние со ограничен буџет.
Египет:
Политичките спорови резултираа со туристички понуди по исклучително ниски цени. Во моментов таму работите се нормализираат, но хотелите остануваат поли празни , а цените многу пониски.
Лас Вегас:
Во блескава метропола сите заработуваат главно од казина, а хотелските соби имаат изненадувачки ниски цени. Луксуз од пет ѕвездички може да добиете за 100 долари од ноќевање.
Исланд:
Некогашната најскапата туристичка дестинација повторно нуди разумни и прифатливи цени поради финансиската криза. Новата авиокомпанија „WOW Air“ лета од различни европски градови со ниски цени директно до Исланд.
Тајланд:
Класика меѓу најевтините дестинации: убави плажи, културни знаменитости, како и голем избор за сместување по пристапни цени.
Црна Гора:
Малата земја станува популарна - филмот „Казино Ројал" беше снимен таму, а убавината на брегот не може да се негира. Оваа година се отворија првите познати синџири хотели, а се најавува отварање на многу нови хотели кои нудат поволни цени.
Бугарија:
Црното Море има евтини „All Inclusive“ понуди, убави плажи и цените кои се неспоредливо пониски од другите европски морски дестинации.
Тунис:
Од Арапската пролет во 2011 година, северноафриканската држава се обидува да ги врати туристите назад со евтини понуди. Покрај тоа, земјата во моментов сериозно инвестира во алтернативен морски туризам како пребарување на богатства, на пример во урнатините на Картагина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





